Понекогаш чуда се случуваат

Играчите на Алкојано не договориле премија, никој не ни помислувал дека можат да го елиминираат Реал Мадрид

Играчите на Алкојано ќе мора да седнат на маса со раководството откако не била договорена премија за победа над Реал Мадрид бидејќи никој не очекувал дека можат да го совладаат шампионот на Шпанија.

Фудбалот знае да испише убави приказни а токму тоа вечерва му се случи на малиот Алкојано. Третолигашот, кој има буџет од нешто над 700.000 евра го елиминираше Реал Мадрид во Копа дел Реј.

Ова е голема сензација во која очигледно не верувале ниту самите играчи на Алкојано па не договориле премија за победа.

„Не договоривме премија. Никој не го очекуваше ова“ - вели претседателот Анотнио Хустисија.

Стрелецот на победоносниот гол Хуанан додава: „Никогаш не стана збор за премии, но тоа мора да се промени, мора да преговараме одново“.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе