Иџе ги освои првите бодови оваа сезона во ТРЦ Италија и тоа искачувајќи се на подиумот на втората трка во Имола.
Тој на првата трка излета и не ја заврши, а претходните две не ги ни возеше бидејќи не можеше да отпатува во Италија поради рестрикциите за патување поради пандемијата на коронавирус.
Првото место денеска го освои Редуци, а втор беше Тавано.
Од 22 возачи колку што настапија само Иџе беше странец, останатите беа од Италија.