ТЦР Италија

Иџе „ограбен“ на Имола: Не можат да се помират дека сме брзи, утре некој ќе „лета“ во трева!

Игор Стефановски Иџе не го криеше незадоволството откако остана без добар пласман на Имола поради две казни од по пет секунди, Македонецот најави нов атак на подиумот на утрешната трка.

Најдобриот македонски авомобилист денеска имаше трка во Имола во рамките на ТЦР Италија. Тој стартуваше од втората позиција, и за кратко време изби во водство. Сепак остана без добар пласман откако доби две казни од по пет секунди. Првата беше за лошо позиционирање на гридот, а втората за контакт со Бетера, кој беше тркачки инцидент на тешки услови со оглед на тоа дека врнеше дожд. 

Па разочарувањето кај Игор Стефановски Иџе беше прилично големо и тој не го криеше незадоволството во обраќањето до фановите на социјалните мрежи. 

„Безвезен викенд... Не сакам да излезе дека постојано се жалиме, но жената која го држи знамето за старт беше таа што ме намести како да тргнам, а потоа добив казна од пет секунди. Очигледно е дека не можат да се помират со тоа дека сме брзи. Не знам што да кажам, преку глава ми е. Потоа добив нова казна од пет секунди за удар при лизгање, возиме со гуми за суво а видете како врне, двајцата излетавме... Не ми е јасно, не можат да поднесат дека сме напред. Криво ми е што не ја искористивме шансата и не се качивме на подиум... Утре нека ми дадат и казни ако треба, ама некој ќе лета во трева, мораме да дојдеме до подиумот“ - порача Иџе.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе