Иџе со реакција по викендот во Италија

Иџе: Двапати требаше да бидам на подиум, но други одлучуваат за пласманот

Игор Стефановски Иџе ја имаше потребната брзина на Имола, но казните кои ги заработи во текот на трките го исфрлија од битката за подиум. 

Иџе особено бесен беше по првата трка во Имола каде беше казнет со пет секунди. Во втората заработи 25 секунди казна за инцидент кој се случи на почеток од трката, па во знак на протест се повлече во боксот на еден круг пред крајот.
 
Тој на социјалните медиуми излезе со свое мислење за викендот во ТЦР Италија.
 
„За жал не можеме ништо против одлуките на судиите, тие го имаат првиот и последниот збор. Сакам да се заблагодарам на луѓето кои беа овој викенд со мене, мојот тим кој направи се за да имам возило подготвено за подиум, моите спонзори без кои ова не би било возможно, луѓето од мојот клуб кои даваат се од себе да ги имам сите потребни услови, но за жал сепак други одлучуваат за пласманот, иако требаше двапати да сме на подиум, тоа не се случи. И благодарност на сите за огромната поддршка која ми ја давате, се надевам дека не ве разочарав. Се гледаме во Македонија“, изјави Иџе.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе