Атмосферата се вжештила во тренинг кампот на „росонерите“

Ибрахимовиќ во војна со Газидис: Милан не е тоа што беше, нема никаков проект

Медиумите од Италија пишуваат за жестока расправија помеѓу Златан Ибрахимовиќ и генералниот извршен директор Иван Газидис, Швеѓанецот изразил сомнеж за сегашноста и иднината на Милан.

Иван Газидис три месеци се намал појавено во Миланело, но генералниот извршен директор решил синоќа да го посети тимот и да разговараат за намалување на платите. Но состанокот не поминал мирно, медиумите од Италија пренесуваат за жестока расправија помеѓу Златан Ибрахимовиќ и првиот човек на клубот.

Напаѓачот го прекорил Иван Газидис за тајмингот на посетата, а изразил и сомнеж за сегашноста и иднината на „росонерите“.

„Зошто толку долго беше отсутен и се појавуваш на 48 часа пред полуфинале?“ – прашал Златан мислејќи на реваншот против Јувентус во Купот на Италија во петок.

Ибра потоа продолжил со замерките: „Немаш никаков проект, ова не е Милан што јас го знаев, има премногу неизвесност“.

Иван Газидис се обидел да ја спушти топката и одговорил: „Да, точно е. Милан не е тоа што беше, и од аскект на успех и од аспект на финансии“. Но директорот потоа објаснил дека сопствениците имаат план да го вратат клубот на врвот и да инвестираат во составот.

Извештаите исто така велат дека Ибра дал и коментар за својата иднина, и порачал: „Тука сум само поради мојата пасија“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе