Швеѓанецот ја имаше презентацијата пред италијанските медиуми

Ибрахимовиќ: Во Милан не дојдов поради името, почнувам од нула како и сите други

Откако синоќа го комплетираше трансферот во Милан, денеска Златан Ибрахимовиќ беше презентиран пред италијанските медиуми. 

По авантурата во САД, Ибрахимовиќ реши да се врати во Европа и го одбра Милан за кој играше и претходно.
 
„По последниот натпревар со Лос Анџелес ми се јави Малдини. На 38 години добив повеќе понуди околку на 28. Се обидувам се уште да најдам адреналин, доаѓањето во Милан не беше поради економски момент. Потоа зборував многу со Бобан. Минатиот пат од Милан не си отидов по моја желба, но најважно е дека сега сум тука за да помогнам, Милан ми е како мој дом. Тие ми ја вратија среќата по моето искуство во Барселона“, вели Ибрахимовиќ.
 
„Имиџот на Милан не може да биде избришан, историјата не може да биде променета. По Берлускони многу работи се случија, но тие работи не влијаат на мене. Се уште сум активен фудбалер, најважното е она што се случува на теренот. Доколку не верував во овој проект, немаше сега да седам до овие легенди, иако би преферирал да ги имам на теренот“, Ибра ги посочува Малдини и Бобан.
 
„Треба да размислуваме од натпревар за натпревар. Моите соиграчи знаат како тренирам и како работам. Мислам дека треба да работиме напорно и да бидеме силни. Треба да знаеме како да страдаме, само така може да дојдеме до нашиот цел потенцијал. Секогаш работам напорно и го очекувам тоа и од моите соиграчи. Потоа што ќе се случи, ќе се случи“.
 
„Сакам да донесам резултати. Не сум тука само затоа што моето име е Ибрахимовиќ. Почнувам од нула, од исто ниво како и другите. Не ми е потребно минатото, тоа што сум направил досега, почнувам повторно од нула и тоа ми дава адреналин“.
 
„Да потпишете со Милан на 38 години не е нешто што се гледа често. Тој што ме одбрал, ме носи тука затоа што верува во мене. Не дојдов за да бидам маскота, да играм до ѓаволот. Дојдов тука да му помогнам на тимот“.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе