Серија А

Ибрахимовиќ урива рекорди, Милан по 10 години слави победа на „Сан Паоло“ (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ со два гола го предводеше Милан до триумф од 1-3 на гостувањето кај Наполи, за „росонерите" ова беше прва победа на „Сан Паоло" по ноември 2010 година.

Златан Ибрахимовиќ продолжува да урива рекорди, Швеѓанецот стана само четвртиот играч кој постигнал гол на своите први шест натпревари во сезоната во Серија А и влезе во друштво на Батустута (1994/95), Виери (2003/03) и Пјонтек (2018/19).

Со двата погодока, „Ибракадабра“ исто така стана најстариот играч кој постигнал десет или повеќе погодоци по осум кола, претходно рекордот го држеше Силвио Пиола од сезоната 1942/43.

Напаѓачот го отвори резултатот во 20. минута, кога со глава го матираше Мерет за 0-1. По десетина минути игра во второто полувреме, Златан Ибрахимовиќ одново со глава ја затресе мрежата на Наполи за 0-2.

Домаќините се вратија во 63. минута, Мертенс намали на 1-2 но кратко потоа Бакајоко доби втор жолт и го остави Наполи на цедило.

Избраниците на Гатузо и со играч помалку се обидуваа да стигнат до бод, имаа шанса преку Петања, но окако не ја искористија, длабоко во судиското надополнување, Хауге погоди за 1-3 и прва победа на Милан на „Сан Паоло“ по 10 години.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе