Ниту повредата не го предомисли

Ибрахимовиќ потпишува нов договор, ќе игра за Милан и на 41 година

Златан Ибрахимовиќ не планира да се пензионира и покрај операцијата за која му е потребна рехабилитација од 6-7 месеци, тој наскоро ќе стави потпис на нов договор со Милан.

Ибрахимовиќ е клучен за последните успеси на Милан и покрај тоа што не се изнаигра. Со неговото доаѓање во тимот, тој го промени менталитетот на екипата, а тоа се покажа како клучно.

Според Џанлука Ди Марцио, Ибрахимовиќ ќе потпише нов едногодишен договор со Милан, со трајност до јуни 2023 година.

Неговата плата ќе биде околу 1 милиони евра годишно, плус бонуси во зависност од перформансите и остварени цели.

Ибрахимовиќ во октомври ќе наполни 41 година, моментално се рехабилитира од тешка операција, но не се предава.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе