Милан прави промени за дуелот со Каљари

Ибрахимовиќ почна да командува, ги пресели Сусо и Пјонтек на клупа и одреди нова формација

Според пишувањата на Кориере дело Спорт, „росонерите" ќе направат одредени промени за дуелот со Каљари, на барање на Златан Ибрахимовиќ ќе се игра со формација 4-3-1-2 а во нападот партнер на Швеѓанецот ќе му биде младиот Рафаел Леао.

Златан Ибрахимовиќ очигледно не губи време, Швеѓанецот уште на првиот натпревар виде оредени работи кои не му се допаѓаат, па бара промени веќе за дуелот со Каљари.

Според пишувањата на Кориере дело Спорт, тренерот Пиоли ќе ја промени формацијата на и „росонерите“ ќе играат со 4-3-1-2 наместо со 4-3-3.

На инсистирање на Златан Ибрахимовиќ, младиот Рафаел Леао ќе му биде партнер во форот а Криштоф Пјонтек ќе се пресели на клупата. Помеѓу резервите ќе се најде и Сусо, а улогата на офанзивен играч од редот за врска ќе му припадне на Хакан Чалханоглу, Турчинот ќе игра зад двајцата напаѓачи.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе