Во негов стил

Ибрахимовиќ одговори на обвинувањата за расизам и не пропушти да го пецне Лукаку (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ преку социјалните мрежи негираше дека расизам во дуелот со Лукаку, но најде начин и да го пецне напаѓачот на Интер. 

На синоќешното дерби меѓу Милан и Интер, Ибрахмовиќ и Лукаку имаа дуел во првото полувреме во кој си разменија навредливи зборови.
 
Некои отидоа дотаму што го обвинија Ибрахимовиќ и за расизам, но тој категорично го негира тоа. Сепак во демантот додаде и реченица со која индиректно рече дека тој е подобар играч од Лукаку.
 
„Во светот на Златан нема место за расизам. Сите ние сме иста раса, сите сме еднакви! Сите ние сме играче, некои подобри од другите“, напиша Ибра на својот твитер профил, и постираше видео против расизмот од инстаграм кое го имал објавено претходно.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе