Не остана покус на провокациите од публиката по поразот во градското дерби

Ибрахимовиќ ја загуби битката со Вела па се фати за меѓуножјето и се „отпиша“ од МЛС лигата (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ веројатно го одигра последниот натпревар во САД откако утрово загуби во големото градско дерби на Лос Анџелес, напаѓачот се отпиша од МЛС лигата фаќајќи се за меѓуножјето.

Утрово во САД се играа полуфиналните пресметки од разигрувањето за титулата а во западната конференција имаше големо градско дерби, Лос Анџелес ФК се сретна со Лос Анџелес галакси.

Тоа беше и дуел на двајцата најдобри поединци оваа сезона, Карлос Вела и Златан Ибрахимовиќ, а битката му припадна на Мексиканецот. Со два гола и асистенција, тој го предводеше Лос Анџелес ФК до триумф од 5-3. Златан Ибрахимовиќ забележа гол и асистенција, но тоа не беше доволно, и сезоната за Галакси заврши тука.

Со оглед на тоа дека Златан Ибрахимовиќ има договор до декември и се почесто се говори за негово враќање во Европа, веројатно ова беше неговиот последен натпревар преку барата, а тој реши да се „отпише“ од МЛС лигата со неспортски гест.

Кога Швеѓанецот се упати кон соблекувалната, му беше дофрлено нешто од еден домашен фан, Егото на Златан Ибрахимовиќ не му дозволи да остане покус, па се фати за меѓуножјето како одговор на провокацијата.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе