Маестрален мајтап

Ибрахимовиќ го одбрал Осогово? Веќе е во жолто-син дрес и зборува за Македонија (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ се збогува со Лос Анџелес Галакси, сите се во исчекување на тоа кој ќе биде неговиот нов клуб, Швеѓанецот најверојатно ќе се врати во Европа. 

Ибрахимовиќ се поврзува со враќање во Европа, неколку клуба се фаворити за неговиот потпис, повеќето се од Серија А.
 
Денеска Фиорентина и Зенит на своите твитер профили понудија материјал за медиумите да се посомневаат дека Ибрахимовиќ ќе биде следниот нивни член.
 
Нешто слично, но многу пооригинално направи Осогово, кочанскиот клуб кој е мајстор за социјални мрежи.
 
Тие на својот твитер профил објавија видео од Ибрахимовиќ како зборува за Македонија, а им се погодија и боите, жолто-сина е Шведска, но и Осогово.
 
Клипот е стар 18 години, тој од времето кога младинската селекција на Шведска гостуваше во Македонија. Маестрален мајтап во режија на админот на твитер профилот на ГФК Осогово.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе