Ибрахимовиќ му даде два гола на Наполи и се повреди, ги исплаши фановите на Милан бидејќи тој е главниот мотор на росонерите.
Но повредата не е сериозна, Ибра наскоро ќе биде на теренот.
„Секогаш кога ќе ги облечам копачките помислувам „Уау ова е тоа што сакам да го правам“, вели Ибрахимовиќ.
„Тоа е мојата пасија, фудбалот е мојот најдобар пријател, без фудбал не би бил оној кој сум, без него се чувствувам загубен“.
„Повредата не е сериозна, само недела или две ќе бидам во аут“.
Ибрахимовиќ постигна 10 гола на шест натпревари оваа сезона во Серија А, тој е најдобар стрелец во досегашниот дел.