Ибрахимовиќ: Чалханоглу имаше корист од трагичната ситуација на Ериксен

Златан Ибрахимовиќ вели дека Хаким Чалханоглу е во Интер поради трагичниот настан на Ериксен на Европското првенство, претходно немал сериозни понуди од други клубови.

Пред неколку дена излезе новата книга на Златан Ибрахимовиќ, „Адреналина“, во која меѓудругото зборува и за заминувањето на Чалханоглу од Милан.

„Треба да му се заблагодариме за тоа што го даде за Милан и да му посакаме се најдобро. Можеби ќе звучи лошо кога ќе кажам, но Чалханоглу искористи од трагичната ситуација во која Ериксен имаше срцев удар. На Интер му требаше фудбалер на таа позиција и се отвори вратата за Хакан. Пред тоа немаше понуди ниту од Интер, ниту од други клубови“, вели Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ можеби на шега вели дека тој е виновен за развојот на Чалханоглу кој стигна до степен да побара неприфатлива понуда од Милан.

„Тој е добро момче, се разви најмногу блгодарение на мене. Собра кураж и самодоверба. За време на Европското првенство им пратив порака на него и Ребиќ :„Тешко е без Ибра, а?“. Тие ми вратија со смајли. Пред да дојдам, Чалха немаше бројки какви што имаше потоа. Постојано се шегував со него: „Моја вина е што сега бараш таква понуда од Милан, јас ти помогнав да се развиеш“.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе