Селекторот Андерсон потврди

Ибрахимовиќ би можел да игра на ЕП, се сретнал со селекторот на Шведска

Златан Ибрахимовиќ синоќа имал средба со селекторот на Шведска, Јане Андерсон за евентуално враќање во националниот тим. 

Андерсон отпатувал во Милано да се сретне со Ибрахимовиќ кој синоќа не беше во составот на росонерите поради повреда.
 
Ибрахимовиќ уште во 2016 година стави крај на кариерата, но би можел да се врати во националниот тим и да игра за Шведска на Европското првенство.
 
„Откако Златан ја отвори вратата за можно враќање во репрезентацијата, мислам дека беше правилно да се сретнам со него колку што можам побрзо. Состанокот беше многу позитивен, се договоривме да го продолжиме дијалогот во наредните месеци“, изјави селекторот Андерсон.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе