Серија А

Ибра во ЧЕТИРИ декади постигнува гол, напаѓачот го тресна Каљари и донесе триумф за Милан (ВИДЕО)

Милан по еден месец се радува на победа, Златан Ибрахимовиќ беше стартер против Каљари и постигна гол во триумфот од 0-2.

Златан Ибрахимовиќ го предводеше Милан до триумф на гостувањето кај Каљари од 0-2. Швеѓанецот беше стартер и во 64. минута постигна гол со кој ги потврди трите бода.

Во прво полувреме без голови, токму Златан Ибрахимовиќ ја имаше најголемата шанса, напаѓачот биеше со глава од тежок агол но неговиот сонародник Олсен му одбрани. На спротивната страна и Донарума се истакна и во последен момент спречи да биде лобуван.

Резултатот беше отворен на стартот од вториот дел, Милан поведе со голема доза на среќа откако обидот на Леао закачи еден играч на Каљари и заврши во мрежата.

Потоа на сцена стапи Златан Ибрахимовиќ, Швеѓанецот доби топка од Ернандез и на прва биеше со лева за 0-2. Пред крајот на мечот, напаѓачот по втор пат го совлада Олсен но овој гол беш

е поништен поради офсајд.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе