Малку фалеше да дојде до сериозен инцидент

Ибра со коментари за мајката на Лукаку ќе предизвикаше тепачка, едвај го додржаа Белгиецот (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку една сезона беа соиграчи во Манчестер јунајтед но вечерва малку фалеше да се степаат, откако дојде до кошкање на теренот, Белгиецот реши да тера правда на паузата, соиграчите и луѓето од Интер едвај го додржаа.

Во финишот на првото полувреме во дербито на Милано во Купот на Италија, Златан Ибрахимовиќ влезе во дуел со Ромелу Лукаку. Одредени коментари на Швеѓанецот го разгневија Белгиецот, кој му влезе во лице на својот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед. 

На момент страстите беа смирени и играта продолжи откако судијата им покажа жолт картон на двајцата, но Ромелу Лукаку тргна да се пресмета со Златан Ибрахимовиќ откако беше означен крај на првиот дел. 

Соиграчите и луѓето од Интер едвај го додржаа Белгиецот да не направи сериозен инцидент. 

Се шпекулира дека Ибрахимовиќ кажал нешто за мајката на Лукаку и затоа фудбалерот на Интер ги загубил нервите. Белгиецот пак можеше да се слушне како му вели на Швеѓанецот дкеа е „ку*вин син“ и „е*и се и ти и твојата жена“.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе