Брилијантен меч на Златан

Ибра рече дека е подобар од Вела и го покажа тоа, хет-трик за победа во големото дерби на ЛА (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ имаше блескава партија на дербито на Лос Анџелес, Галакси победи со 3-2 а тој постигна хет-трик уште еднаш потврдувајќи каков мајстор е.

Пред големото дерби на Лос Анџелес, Ибрахимовиќ добиваше прашања од новинарите дали се уште смета дека е најдобар во МЛС со оглед на тоа дека и Карлос Вела игра во одлична форма и дава многу голови.
 
Ибра во негов стил рече дека е многу подобар од Вела, зборовите можеби беа во негов, фалбаџиски стил, но дека има подлога за тоа покажа на теренот.
 
Прашањата како дополнително да го мотивираа Ибрахимовиќ кој буквално растури на дербито, даде три гола и му донесе победа на Лос Анџелес Галакси од 3-2. Карлос Вела погоди два пати.
 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе