Стратегот влезе во војна со напаѓачот

Ибра повторно го провоцира Гвардиола, но Пеп не остана покус: Може да напише нова книга

Златан Ибрахимовиќ повторно го провоцира Пеп Гвардиола и вели дека прогресот на Ерлинг Халанд е поврзан со егото на шпанскиот стратег, па веднаш доби одговор од тренерот на Манчестер Сити.

На сите им е добро познато дека Златан Ибрахимовиќ и Пеп Гвардиола не се мирисаат, напаѓачот го смета тренерот за главен виновник за разочарувачката авантура во Барселона.

Швеѓанецот во неколку наврати има испратено отровни стрели, а сега излезе со нови провокации.

„Многу ми се допаѓа Ерлинг Халанд, се работи за навистина интелигентен фудбалер. Не прави работи кои не му се потребни, не се враќа назад по топката, чека напред пред голот и постигнува погодоци. Ме потсеќа на играчи како Инзаги, Трезеге или Виери. Би рекол дека е една „нова верзија“ на сите тројца“ – објаснува Златан Ибрахимовиќ.

Запрашан дали Ерлинг Халанд ќе продолжи да бележи напредок под водствто на Пеп Гвардиола, напаѓачот вели: „Се зависи од егото на Пеп Гвардиола и дали тој ќе дозволи Халанд да стане поголем од него. Мене не ми дозволи“.

Сепак, тренерот на Манчестер Сити не остана покус и влезе во војна со Швеѓанецот.

„Во право е, целосно е во право. Во овој клуб, во овој тим, моето его е над сите други, над сите играчи“ – го почна својот одговор Пеп Гвардиола.

„Не ми се допаѓа кога Ерлинг постигнува по три погодока и сите заслуги одат на негова адреса. Многу сум му љубоморен! Навистина, многу сум љубоморен!“

„Му реков, „Ерлинг те молам немој да постигнуваш толку многу голови, во тој случај новинарите нема да зборуваат за мене, и само за мене“. Ибра е во право, ме знае перфектно. Можеби треба да напише уште една книга“.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе