Напаѓачот ги постави условите, на ред се клубовите

Ибра никогаш не бил скромен, и на 38 години бара ЕДЕН милион евра месечно за да се врати во Серија А

Златан Ибрахимовиќ сака убаво да наплати за уште една авантура во Калчото, Швеѓанецот бара еден милион евра месечно за да се врати во Серија А.

Напаѓачот оваа недела соошти дека става крај на авантурата во ЛА Галакси и се верува дека негова желба е враќање во Серија А каде неколку тимови пројавуваат интерес за неговите услуги.

Милан, Рома, Болоња, Наполи и Фиорентина се посочуваат како можни дестинации, но за да го ангажираат, ќе треба да бркнат длабоко во џебот.

Според пишувањата на Ла Република, Златан Ибрахимовиќ сака да стане вториот најплатен фудбалер во Калчото и бара ЕДЕН милион евра месечно.

„Росонерите“ се посочуваат како клубот кој најсериозно загризал и се подготвени да му понудат на Швеѓанецот 4 милиони евра за шест месеци. Милан се надева дека Ибра ќе ги намали барањата и ќе прифати по втор пат да го облече нивниот дрес.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе