Влегол во соблекувалната и ги шокирал сите

Ибра на сред натпревар соопштил дека заминува од Интер: Одам во Барса, да освојам ЛШ!

Жозе Мурињо откри како Златан Ибрахимовиќ го најавил трансферот на Камп Ноу, на сред натпревар против Челси соопштил дека го напушта Интер и оди во Барса за да ја освои Лигата на шампиони.

Златан Ибрахимовиќ има освоено многу титули и награди во својата кариера, но во резимето му недостасува „Трофејот со уши“. Желбата на Швеѓанецот за триумф во Лигата на шампионите беше голема, па летото во 2009 го напушти Интер и се пресели во Барселона.

Во разговор со Газета дело Спорт, Жозе Мурињо открива дека напаѓачот вестите за трансфер ги соопштил на сред натпревар. Интер во САД играл пријателски натпревар со Челси, а на полувремето, Златан Ибрахимовиќ ги шокирал соиграчите.

„Хаосот се случи во Пасадина, игравме пријателски меч со Челси. Се шпекулираше со денови за иднината на Златан, дали ќе оди во Барса или нема. Тој е голем професионалец и играше во првото полувреме, но кога на паузата влезе во соблекувалната рече, „Заминувам, морам да ја освојам Лигата на шампиони“. Сите беа стаписани, никој не сакаше да останеме без него, и јас бев загрижен. Му одговорив, „Можеби ти ќе заминеш а ние ќе ја освоиме Лигата на шампиони“. Можеби бев луд што го кажав ова, но атмосферата се промени. Мислам дека тимот го трансформираше тој страв од губење на играч како Златан во цел, да се обидеме да триумфираме без него“ – раскажува Мурињо.

„Потоа му кажав на Бранка (тогашниот спортски директор на Интер), „Доколку Ибра сака да оди во Барса, да се обидеме да го донесеме Ето“. Со Ето и Милито ќе имаме разновидност во нападот“.

Интер таа сезона триумфираше во Лигата на шампиони, ја елиминираше Барселона во полуфиналето. Авантурата на Швеѓанецот на Камп Ноу траеше кратко, по само 12 месеци замина, а без него во составот, „каталонците“ веднаш стигнаа до нов триумф во најелитното европско натпреварување.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе