Швеѓанецот подготвен одново да се испроба во Серија А

Ибра може да му стане соиграч на Елмас: Ќе видиме што ќе се случи, можам подобро од тие што играат таму

Златан Ибрахимовиќ е отоврен за идеата да се врати во Серија А и да соработува одново со Карло Анчелоти, вели дека може да понуди многу повеќе од играчите кои се дел од Калчото.

38 годишниот Швеѓанец е под договор со ЛА Галакси до крајот на годината, па често се шпекулира за негово можно враќање во Европа. Дел од гласините велат дека Карло Анчелоти ќе се обиде да го донесе Златан Ибрахимовиќ во Наполи.

Запрашан дали е заинтересиран за настап во Серија А, напаѓачот вели: „Секако, 100%, знам дека се уште можам да направам разлика, но не само во Италија, туку и во било кое друго првенство. Сигурен сум дека можам подобро од играчите кои играат таму. Договорот ми истекува во декември, не знам што ќе се случи потоа, ќе видиме“.

„Би било убаво одново да бидам под водство на Карло Анчелоти, имам добар рапорт со него. Тој не само што е одличен тренер, се работи и за голем човек. Имав среќа што најпрво го запознав како човек, а потоа и соработував со него. Жал ми е што бевме заедно само една година, сакав соработката да трае подолго бидејќи тоа беше прекрасен дел од мојата кариера, а верувам и во неговата“.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе