Серија А

Ибра го постигна погодокот број 500, Ребиќ погоди два пати за 70 секунди, Милан се врати на врвот (ВИДЕО)

Милан се врати на врвот во Серија А откако попладнево со 4-0 го совлада Кротоне, Златан Ибрахимовиќ стинга до погодокот број 500 а свое шоу имаше и Анте Ребиќ со два погодока за 70 секунди.

Убедлив триумф на „росонерите“ против Кротоне, избраниците на Пиоли се радуваа на победа од 4-0. Гостите се заканија во неколку наврати на стартот од мечот, но потоа дојде до израз квалитетот на Милан.

Резултатот беше отворен по половина час игра, Ибра имаше двојно проигрување со Леао и прецизно пласираше за 1-0. За напаѓачот ова беше погодокот број 500 во неговата кариера.

Во 64. минута, Златан Ибрахимовиќ го постигна својот втор гол. Тео Ернандез продре по левата страна и уфрли на пет метри, каде Швеѓанецот стоше само како дух и не му беше тешко да ја затресе мрежата.

Гостите потоа целосно се распаднаа па Ребиќ постигна два гола за 70 секунди. Хрватот најпрво скокна највиско по еден корнер за 3-0 а потоа на асистенција на Чалханоглу закачи полуволеј за 4-0.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе