Двата клуба остварија голем ќар

И волкот сит и овците на број, како Барса и Јувентус го изиграа системот со трампата Артур-Пјаниќ

Барселона и Јувентус синоќа и официјално ја потврдија размената во која се инволвирани Артур Мело и Миралем Пјаниќ, двата клуба со структурата на трансферот го изиграа системот и на крајот ќе имаат голем ќар.

Откако со месеци се шпекулираше дека Артур Мело и Миралем Пјаниќ ќе ги променат средините, зделката конечно беше потврдена синоќа и беа откриени деталите. Барселона за Босанецот ќе плати 60 милиони евра, плус додатни 5 милиони во бонуси додека пак Јувентус за Бразилецот ќе одвои 72 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Иако изгледа дека Јувентус ефективно на Барса и плаќа 12+5 милиони евра за трампата, со ваква структура на трансферот, двата клуба го изиграа системот и на крајот ќе имаат голем ќар.

Во билансите, сосема различно се впишуваат играчите кои се купуваат и играчите кои се продаваат. При купување на играчите, не се впишува сумата која се плаќа, туку таа сума се амортизира според должината на договорот и само еден дел од сумата се калкулира како трошок. Од друга страна, продажбата се евидентира веднаш.

Во конкретниов пример, Артур беше купен за 30 милиони евра, стави потпис на петгодишен договор па Бразилецот годишно ја чини Барселона  5 милиони евра. Артур веќе „одработи“ 10 милиони евра за 2 години, во сметководствените книги останува да се отпише уште 20 милиони евра од неговата вредност, па неговата продажба на Јувентус за 72 милиони евра сега носи позитивен ефект од 52 милиони евра (сума која може да се зголеми поради бонусите).

Ист е ислучајот со Миралем Пјаниќ, кој се пресели во Јувентус во летото во 2016 за 35 милиони евра и стави потпис на петгодишен договор. Пресметката на неговата вреност е малку посложена откако во 2018 ја продолжи верноста за уште нови пет години, нема да навлегуваме во детали, но Јувентус се пофали дека во сметководствените книги ќе впишат позитивен ефект од 41.8 милиони евра.

Многумина се прашуваа како Барселона може да трампа 23 годише фудбалер за 30 годишен фудбалер, па ова е една од причините. Зделката беше направена пред 30. јуни, ќе влезе во финансискиот извештај за тековната сезона и ќе биде изразен како голем плус, со кој потоа ќе можат да се правдаат пред УЕФА дека работат со добивка и имаа средства за настап на трансфер пазарот.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе