Пријателски натпревар

И Тотнем го „здрма“ Реал Мадрид, нов пораз за кралскиот клуб (ВИДЕО)

Реал Мадрид загуби уште еден подготвителен натпревар, овој пат со 1-0 беа поразени од Тотнем. 

Зидан никако да ги склопи коцките во подготвителните натпревари и Реал Мадрид да одигра на високо ниво и да дојде до триумф.
 
Денеска загубија од Тотнем со 1-0, а доколку не беше Кејлор Навас поразот можеше да биде и поголем. Реал Мадрид имаше свои шанси, се играше почесто на половината на англискиот тим, но Спарси беа опасни од контри.
 
Клучниот момент се случи во 22. минута кога Марсело од аут му подари една топка на Хари Кејн а тој го искористи тоа и му донесе победа на Тотнем од 1-0.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе