Дебакл на „кралевите“ во Париз

И тоа се случи, Реал Мадрид за прв пат оваа декада не упати ниту еден шут во рамките на голот (ФОТО)

„Кралевите" беа надиграни во Париз, а за тоа колку беа лоши избраниците на Зинедин Зидан говори податокот дека Реал Мадрид за прв оваа декада одигра натпревар на кој не упати удар во рамките на голот.

Реал Мадрид синоќа загуби со 3-0 на гостувањето кај ПСЖ во воведниот натпревар од Лигата на шампионите. Но повеќе загрижува играта која ја прикажаа избраниците на Зинедин Зидан.

Во форот беа Бензема, Бејл и Азар но и покрај тоа „кралевите“ ретко претеа по голот на „светците“.

За тоа колку лоши беа гостинските фудбалери говори и податокот дека Реал Мадрид за прв пат оваа декада, односно по одиграни 578 официјални натпревари, не упати ниту еден удар во рамките од голот.

„Не креиравме доволно шанси, и тоа е малку чудно со оглед на играчите кои ги имавме на теренот. Точно е дека постигнавме два гола кои беа поништени со ВАР, но нема изговор за она што го прикажавме. Не одигравме на потребното ниво, го немаше интензитетот неопходен за вакви натпревари. ПСЖ беше супериорен во секој поглед, не надигра и заслужено победи“ – рече Зинедин Зидан по крајот на натпреварот.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе