Ла Лига

И Столе Димитриевски е позитивен на ковид-19

По информацијата дека Елиф Елмас по вторпат е заразен со ковид-19, стигнува и веста дека ист е случајот и со Столе Димитриевски. 

По речиси година и пол, македонскиот голман Столе Димитриевски повторно е позитивен на ковид-19.
 
Тоа значи дека Димитриевски ќе го пропушти гостувањето на Рајо Ваљекано кај Атлетико Мадрид кое треба да се случи во недела.
 
Димитриевски во изминатиот период беше актуелен во шпанската јавност поради тоа што се поврзуваше со трансфер во Барселона.
 
Тој е најдобриот голман во првиот дел од сезоната во Ла Лига со најголем процент на одбранети удари.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе