Тетовскиот клуб преку соопштение го кажа својот став

И Шкендија го крена гласот против ФФМ: Ќе го бојкотираме Изборното собрание

И Шкендија се крена против актуелното раководство на ФФМ, тетовскиот клуб преку соопштение го кажа својот став, ќе го бојкотира собранието на фудбалската федерација и нема да го признае. 

Во последните денови актуелното раководство на ФФМ е сардисано од сите страни. Денеска лидерот во домашното првенство, Шкендија соопшти дека нема да го почитува резултатот од изборното собрание биде смета дека е недемократско.
 
„Земајќи ги во предвид најновите случувања во врска со изборните собранија за организациско претставување на фудбалот како на локално ниво (Општинска фудбалска лига Тетово), така и на централно ниво (Фудбалска федерација на Македонија), Шкендија го објавува мислењето, релевантни институции, дека воопшто нема да учествува во овој процес во формата во која веќе започна и продолжува, и со тоа нема да ја прифати валидноста на овие избори организирани во овој недемократски, дискредитациски и неразвиен формат за фудбал, за следните четири години од мандатот на овие избори“, се вели во соопштението на Шкендија.
 
„На 18 февруари е закажано Изборното Собрание за избор на претседател на ОФС Тетово и други релевантни тела. Тековниот Статут е дискредитирачки и предвидува само три делегати од Шкендија во ОФС Тетово (колку што имаат некои клубови од пониските рангови на Тетово) од вкупно 35-40 делегати кои го сочинуваат ова Собрание. Наша проценка е дека овој Статут во сегашната форма кој се користи за овие избори не овозможува соодветно претставување на Шкендија, но исто така и на другите клубови и инвеститори во Тетово според пропорцијата наспроти придонесот што го даваат во локалниот фудбал. Покрај ова, истовремено ги следиме случувањата и на центрачлно ниво со Изборно Собрание закажано за 14 март и сметаме дека сегашниот застарен статут на ФФМ се користи за оваа недемократска дискретитациска и неразвиена изборна организација. Овој статут и изборен процес овозможуваат и штитат застарен и затворен еко-систем од ОФС до ФФМ, каде правото да се заспатува со апсолутно мнозинство и да се носат одлуки на повисоките нивоа им се дава на поеднци и други измислени субјекти од минатото, кои нудат или малку или ништо за локалниот фудбал. Од друга страна, инвеститорите, клубовите и спортистите со значителни заслуги се целоско игнорирани“.
 
„Како резултат на сите овие неправилности, Шкендија најавува дека нема да назначи никакви делегати за организација на Изборното Собрание на ОФС Тетово на 18 февруари, ниту за Изборното Собрание на ФФМ на 14 март, па оттаму не ја прифаќаме валидноста на овие избори во дормат со кои ги заобиколуваат Шкендија и другите заслужени во фудбалот во земјава. Главните клубови и инвеститори во фудбалот треба да бидат со вистинска пропорционалност застапени во организација на фудбалот. Веруваме дека институциите вклучени во досегашните дискусии за овие избори, ФФМ и Агенцијата за малди и спорт имаат време да го пронајдат вистинскиот компромис за оваа година, прво да помине учеството на Македонија на Евро 2021, а потоа нови избори во ОФС и ФФМ после прилагодување на Статутот и одредување на соодветна застапеност. Затоа најдобриот компромис е да се одложат изборите во ФФМ за почетокот на 2022 година“.
 
Актуелното раководство на ФФМ одбива да го прилагоди статутот на законот за спорт во Македонија и да дозволи делегати од клубовите да го бираат претседателот. Како се наближува денот за Изборното собрание, така почнуваат клубовите и фудбалските работници да го креваат гласот за промени во македонскиот фудбал.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе