Барди се поврзува со трансфер од Леванте а како заинтересирани клубови досега се посочуваа Милан, Торино, Лацио, Реал Сосиедад и Бетис. Последен за кој пишуваат медиумите е Селта.
Барди побарал од Леванте да биде продаден, а се чини дека тоа е и најлогичен потег за шпанскиот клуб со оглед на тоа дека речиси сигурно ќе испаднат во втората лига, а во една таква ситуација договорот со македонскиот играч ќе им заврши на лето.
Доколку Леванте остане во лигата ќе се активира клаузулата за продолжување на договорот со Барди на уште една сезона, но ако испаднат тој ќе биде слободен играч.
Барди во Леванте пристигна за 1,5 милиони евра, тие сега можат да го продадат најмалку за трипати повеќе.