Фенербахче го продаде за 100 пати поголема сума

И Работнички ќе добие пари од трансферот на Елмас во Наполи, но повторно само трошки

Елиф Елмас денеска ќе потпише за Наполи во рекорден трансфер за Фенербахче, клубот од Турција убаво ќе се офајди од продажбата на Македонецот а одредена сума ќе добие и нашиот Работнички.

Фенербахче доцна синоќа соопшти дека Елиф Елмас се сели во Калчото, Македонецот денеска ќе пристигне во Италија за да го комплетира трансферот во Наполи.

Последните информации велат дека се работи за зделка од 19 милиони евра, односно Наполи ќе плати 16 милиони евра плус додатни 1,5 милиони евра во бонуси, а Фенер исто така ќе добие и 1,5 милиони евра доколку во иднина направи нов трансфер.

Ова значи дека Фемербахче го продава Елиф Елмас за 100 пати поголема сума со оглед на тоа дека неговиот ангажман ги чинеше околу 180.000 евра.

И додека ова е рекордна продажба на клубот од Истанбул, одредена сума ќе се слее и во касата на Работнички, но клубот од Дебар Маало ќе треба повторно да се задоволи само со трошки.

Благодарејќи на ФИФА, „романтичачрите“ ги следуваат пари по два основи, тренинг компензација бидејќи Елиф Елмас нема наполнето 23 години и дел од солидарниот фонд.

Од секоја трансфер сума, 5% се одвојува за солидарен фонд, која потоа се дели на сите клубови кои дале допринос во едукацијата на фудбалерот од неговата 12-та година па се до 23-та година.

5% од овој трансфер се околу 950.000 евра, а Работнички треба да добие околу 20% од оваа сума за двете години во кои придонесе за развојот на Елиф Елмас или 190.000 евра. На оваа бројка ќе се додадат и уште стотина илјади евра за тренинг компензација, но ако се земе во предвид колку Фенербахче ќе добие, ова не е ништо.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе