Од Италија нови сигнали за пристигнување на Пеп во Јувентус

И покрај демантот, гласините продолжуваат: Сопругата на Гвардиола била во Торино и изнајмила автомобил за цела година!

Медиумите од Италија продолжуваат да пишуваат за можноста Пеп Гвардиола да го презеде кормилото на Јувентус, последните гласини велат дека сопругата на Шпанецот пред два дена била во Торино и изнајмила автомобил за цела година.

„Старата дама“ е во потрага на нов тренер и се верува дека сон на Андреа Ањели е Пеп Гвардиола. Шпекулациите кулминираа оваа недела кога се појавија написи дека Шпанецот си подал рака со Јувентус и на 4. јуни ќе стави потпис на четиригодишен договор.

Сепак, брзо по ваквите најави се огласија од таборот на Манчестер Сити и порачаа дека сториите се лага и она што се случува е навистина смешно.

И покрај ваквиот демант, продолжуваат шпекулациите за пристигнување на Пеп Гвардиола во Торино. Во емисијата „Калчо е меркато“ на Раи, новинарот Паоло Паганини излезе со информации со кои ќе им ја подгрее надежта на фановите.

„Со сигурност можам да кажам дека сопругата на Гвардиола беше во Тoрино пред два дена и изнајми автомобил за цела година. Информацијата доаѓа од директен извор, се работи за точна и потврдена вест“ - откри Паганини.

Во емисијата гостин беше и поранешниот спортски директор на Наполи, Аталанта и Удинезе, Пјерпаоло Марино, кој додаде: „Ова се важни детали. Колку што јас сум запознаен, компанијата во која е изнајмен автомобилoт е истата таа која изнајмува автомобили и на директори на Јувентус. Оваа коинциденција можеби и не е коинциденција“.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе