Никако да престанат шпекулациите

И покрај демантите, медиумите од Шпанија тврдат: Нејмар на пријатели им кажува дека ќе игра за Барса!

Медиумите од Шпанија продолжуваат да пишуваат за враќање на Нејмар на Камп Ноу, последните информации велат дека Бразилецот на пријатели и роднини им кажувал дека следната година ќе игра за Барса.

По само неколку месеци од рекордниот трансфер на Нејмар во ПСЖ вреден 222 милиони евра, медиумите почнаа да шпекулираат дека напаѓачот се каe, не е среќен во Париз и жали што заминал од Камп Ноу.

Нејмар се најавуваше како следниот „галактикос“ на Флорентино Перез и Реал Мадрид, а често се говори и за негово враќање во Барселона.

Во неколку наврати се појавија стории кои велеа дека Бразилецот барал од функционери и играчи на Барселона да му помогнат одново да го облече дресот на „Каталонците“.

И покрај тоа што Нејмар ги негираше ваквите написи, медиумите од Шпанија продолжуваат да говорат на оваа тема.

Емисијата „Ел Чирингито“ објави дека играчот на блиски пријатели и роднини им зборувал како договорот веќе да е комлетиран за негово враќање во Барса, и користел фрази како „следната година кога ќе бидеме во Барселона...“.

Новинарот Педрерол потоа го праша својот соработник дали Бразилецот зборува за трансфер во Реал Мадрид, но доби негативен одговор, наводно Нејмар е фокусиран само на враќање во Барса.

Проблем може да преставува високата цена, со оглед на тоа дека ПСЖ сигурно нема да го продаде Нејамр за помалку од 222 милиони евра, колку што плати за неговите услуги. Сепак, „Светците“ се под истрага на УЕФА за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј, па ова може да ја отвори вратата за трансфер на напаѓачот.

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе