Познат е освојувачот на престижната индивидуална награда

И овој пат се најде некој кој ја уби неизвесноста, Меси ќе ја добие „Златната топка“ (ФОТО)

Новинар од Шпанија на неколку дена пред церемонијата за „Златната топка" објави дека Лео Меси ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во годината, напаѓачот на Барса бил посетен од делегација на Франс Фудбал за да му соопшти дека ќе ја добие наградата.

„Златната топка“ е најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, Франс фудбал ги одбира најдобрите во годината од 1956. Реномираниот магазин на 2. декември на гала вечера ќе го обелодени името на победникот.

И покрај тоа што се номинираат 30 имиња, секогаш прилично е јасно кои двајца или тројца играчи се главни фаворити. За жал секоја година се наоѓа некој паметен кој ќе ја убие и онаа мала неизвесност што останала.

Од Шпанија денеска пристигна информација дека Лео Меси ќе ја добие „Златната топка“. Новинарот Франсеск Агилар на Твитер објави дека Аргентинецот по шести пат ќе биде прогласен за најдобар.

Тој вели дека главниот уредник на Франс Фудбал заедно со уште еден свој соработник го посетиле домот на Лео Меси за да го известат за исходот на гласањето. Напаѓачот на Барса дал и интервју, а била направена и фотосесијата за насловната страна на магазинот за изданието кое ќе биде пуштено во продажба на 3. декември.

Од таборот на Лео Меси не ја потврдуваат оваа вест, но ниту пак ја негираат. Во потесниот избор покрај Аргентинецот се и Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе