АТП финале Лондон

И Надал со пораз го почна турнирот во Лондон, Зверев одигра одличен меч

Александер Зверев убедливо со 2-0 во сетови го победи Рафаел Надал во првото коло од АТП финалето во Лондон, триумф оствари и Циципас над Медведев. 

Како и Федерер, и Надал тргна со пораз на големиот турнир во Лондон, Шпанецот изгуби од бранителот на трофејот, Зверев кој одигра одличен меч.
 
Зверев загуби само шест гејма, првиот сет го доби со 6-2, вториот со 6-4 и во голем стил го почна турнирот.
 
Претходно Циципас со 7-6 и 6-4 го совалда Данил Медведев.
 
Утре на програмата се мечевите од второто коло во другата груа, Федерер ќе ја брка првата победа против Беретини, а Ѓоковиќ ќе игра со Тим.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе