Му се јавил на својот добар пријател

И Меси замешува прсти во трансферот на Нејмар, Аргентинецот со молба до Бразилецот

Првата ѕвезда на Барселона, Лео Меси стапува на сцена во „операцијата Нејмар", Аргентинецот му се јавил на својот пријател Нејмар и го замолил да ги одбие Реал Мадрид.

„Каталонците“ со сите адути по потписот на Нејмар. Реал во последните денови се вклучи во трката и „кралевите“ имаат реални шанси да го ангажираат Бразилецот бидејќи ПСЖ преферира да го испрати напаѓачот во било кој друг клуб и само не на Камп Ноу.

Нејамр очајно сака да замине од Париз, и доколку не може да се врати во Барса, веројатно ќе го одбере лутиот ривал Реал.

Првата ѕвезда на „каталонците“, Лео Меси не сака да замисли едно вакво сценарио, па стапил во контакт со својот добар пријател.

Денешното издание на Марка вели дека Лео Меси му се јавил на Нејмар, го замолил да го одбие Реал Мадрид и ова лето одново да го облече дресот на Барселона.

Двајцата се во одличен однос, покрај извонредното партнерство на теренот имаат и дружба надвор од терените. Дали повикот од Лео Меси ќе заврши работа, останува да видиме во следните десетина дена.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе