Серија А

И Јувентус ја почувствува горчината на поразот, Лацио го совлада шампионот во Рим (ВИДЕО)

Јувентус го доживеа првиот пораз во Серија А оваа сезона, Лацио му го зеде скалпот на шампионот и пред своите фанови го совлада со 3-1.

Повеќе нема непоразени во Серија А, Јувентус вечерва загуби на гостувањето во Рим кај Лацио. „Бјанкочелестите“ славеа со 3-1 и фатија приклучок со двете водечеки екипи на табелата.

„Старата дама“ поведе во 25. минута, Роналдо доби топка на подалечната статива и рутински реализираше за 0-1. Лацио потоа силно притисна, имаше неколку шанси и до изедначување стигна во првата минута од судиското надополнување, Луиз Фелипе со глава погоди за 1-1.

Во 69. минута гостите останаа со играч помалку откако Квадрадо како последен играч го фаулираше Лацари. Само пет минути подоцна, Сергеј Милинковиќ Савиќ одлично се снајде и донесе водство од 2-1.

Имобиле имаше шанса да ги реши сите дилеми со удар од белата точка, но Шчесни му го одбрани ударот од 11 метри, како и вториот обид по одбиената топка.

Кога Јувентус фрли се на една карта во финишот, длабоко во четвртата минута од продолжението, Каиседо донесе 3-1 и ги потврди трите бода.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе