Иако неговиот клуб е еден од основачите

И Гвардиола е против Суперлигата: Не е спорт кога успехот е загарантиран

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, како и Јирген Клоп, застана во одбрана на фудбалот наспротии создавањето на Суперлигата иако и неговиот клуб е еден од основачите. 

Гвардиола денеска на прес конференција беше запрашан што мисли за Суперлигата, а тој одговори.
 
„Ги немам сите информации, имам само неколку информации. Ако ме прашувате зошто овие тимови се селектирани, не знам зошто“.
 
„Не е спорт каде релацијата меѓу напорот и успехот не постојат. Не е спорт каде успехот е веќе загарантиран, не е спорт каде не е важно дали ќе загубите“.
 
„Сакам слни натпреварувања, како Премиерлигата. И не е фер кога некој се бори, се бори, се бори, дојде на врвот и не може да се квалификува бидејќи учеството таму веќе е загарантирано само на неколку клубови“.
 
„Некои можеби ќе речат па има пет места и може да се влегува во лигата, а што е со тие што имаат загарантирано место таму, тие може да имаат и лоши сезони и пак да играат во тоа натпреварување“.
 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе