„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ СО ФАНТАСТИЧЕН РЕЗУЛТАТ ЌЕ ПАТУВААТ ВО ИСТАНБУЛ

И Фенербахче на колена пред Вардар, голема победа на македонскиот шампион! (ВИДЕО)

Вардар го победи Фенербахче во Скопје со 2-0, голем триумф на македонскиот шампион во првиот плејоф натпревар од Лига Европа против силниот турски противник.

Фенербахче падна во Скопје, Вардар има фантастичен резултат од 2-0 кој може да му донесе историски успех.
 
Гостите доминираа на теренот, Вардар со дефанзивна но мудра игра се спрасуваше со нападите на Фенербахче и се закануваше со брзи против напади, тактика која на крајот се покажа успешна.
 
Почетокот на мечот се одвиваше мирно, без посериозни шанси за гол, Фенербахче ја имаше иницијативата но не успеваше да создаде посериозна шанса за гол.
 
Во 20. минута вистинска ерупција од радост на „Телком Арената“, Барсегјан искористи една грешка на гостите и мајсториски го совлада Камени за водство на Вардар од 1-0.
 
 
И по постигнатиот гол играта на теренот остана иста, Фенербахче играше со топката, Вардар се обидуваше од контра напади.
 
Не успевајќи да ја пробијат одбраната на Вардар, шутираа од далечина. Првата нивна закана дојде токму од еден таков шут на Диар, биеше силно, но Гачевски одлично одбрани.
 
Брзо потоа Фенербахче имаше уште една убава шанса, по една добра акција, Потук шутираше, но Гачевски уште еднаш одбрани.
 
До крајот на првиот дел гостите продолжија да се обидуваат со шутеви од далечина, но на одморот се замина со предност на Вардар од 1-0.
 
Во второто полувреме иста слика на теренот, Фенербахче ја имаше иницијативата, а Вардар одлично се бранеше.
 
Немаше посериозна шанса дури до 77. минута кога Вардар можеше да зголеми на 2-0, но Хамбарџумјан од идеална позиција шутираше високо над голот.
 
Во 89. минута капитенот Грнчаров доби втор жолт картон и беше исклучен од игра, тоа не се одрази на резултатот на овој меч, но ќе биде сериозен хендикеп за реваншот.
 
Само две минути подоцна, капитенот на Фенербахче, Мехмед Топал си постигна автогол за водство на Вардар од 2-0 и нова ерупција на „Телеком Арената“.
 
Брзо потоа и Соуза поради остар старт заработи црвен картон, силите на теренот беа израмнети, но тоа веќе не беше важно, дојде и последниот свиреж на судијата, а Вардар славеше голема победа.
 
Вардар има фантастичен резултат, предност од два гола без примен погодок пред реваншот кој за седум дена се игра во Истанбул.
 
 

Она што нѐ кочи во изнаоѓањето на решение за името е непознавањето на теоријата за преговарње од надлежните, но и од оние кои и досега учествуваа и нѐ советуваа во преговарањето.

повеќе

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе