ПМФЛ

И Борец ја победи Шкендија, од четири кола шампионот има само еден бод

Звучи неверојатно но по четири одиграни кола Шкендија е на дното на табелата со само еден освоен бод, денеска беше поразена и на гостувањето кај Борец. 

И новиот прволигаш Борец и зема мерка на Шкендија. Денеска во Велес се славеше победа над шампионот. Клучниот момент се случи во 80. минута кога Прелчец погоди за победа од 1-0.
 
Академија Пандев ја сочува лидерската позиција откако победи на гостувањето кај Работнички со 2-1.
 
Сашко Пандев донесе водство на гостите уште во првата минута од натпреварот, пред крајот на првиот дел Шаркоски го изедначи резултатот на 1-1. Но Крстовски на 12 минути пред крајот реализираше за победа на Академија Пандев.
 
Најефикасно беше во Кратово каде Македонија Ѓорче Петров го победи Силекс со 4-3. Головите за тимот од Скопје ги постигнаа, Фернандо, Демир, Да Силва и Божиновски, за Силекс погодија Ристов, Дурански и Костовски.
 
Струга ТЛ и Шкупи одиграа нерешено 1-1. Сержињо донесе водство за Чаирчани, Јахја изедначи за бод на домаќините.
 
Колото се комплетира утре со мечот меѓу Ренова и Вардар.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе