Наскоро ќе пристигне официјално соопштение

И Ансу Фати ќе има откупна клаузула од милијарда евра во новиот договор со Барса

Неколку извори пренесуваат дека преговорите помеѓу Барселона и Жорж Мендеш завршиле успешно, Ансу Фати наскоро ќе стави потпис на нов договор со откупна клаузула од една милјарда евра.

Ансу Фати ќе ги следи стапките на Педри и ќе стави потпис на нов долгогодишен договор во кој ќе има откупна клаузула од една милјарда евра.

Претходните денови се говореше дека Жорж Мендеш не се сложувал откупната клаузула да биде поставена на толку висока сума, но како што пренесува весникот Спорт и новинарот Фабрицио Романо, агентот попуштил, сите разлики се надминати и напаѓачот наскоро ќе ја продолжи верноста.

Барселона сака официјалното соопштение да пристигне пред дуелот со Реал Мадрид, големото „ел класико“ се игра во недела на Камп Ноу.

 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе