Почит за илијадниците починати работници кои ги градеа стадионите

Хумел со дресовите на Данска за СП изрази револт кон Катар и нивниот однос кон човековите права (ФОТО)

Производителот на спортска опрема „Хумел“ кој ги прави дресовите на данската фудбалска репрезентација има специјален дизајн за Светското првенство со кој изрази револт кон Катар поради нивното непочитување на човековите права. 

Катар за да ги направи стадионите за Светското првенство ја користеше силата на мигрантите, но често се пишуваше за нечовечките услови во кои работеа тие, а епилогот е илијадници загинати за време на градежните работи.
 
Многумина повикуваа и да се бојкотира Светското првенство, но тоа нема да се случи. Сепак некои наоѓаат начин да го искажат својот бунт кон организаторот.
 
Таков е примерот со Хумел и данската репрезентација.
 
Данската репрезентација на СП во Катар ќе има црвен, бел и црн дрес. Заедничко за нив е што ќе доминира само основната боја, нема да се гледа ниту логото на Хумел, ниту грбот на Данска.
 
„Со новите дресови на данскиот национален тим, ние сакавме да испратиме двојна порака. Тие не се дизајнирани само како инспирација од ЕУРО 92 за да искажат почит кон најголемиот фудбалски успех на Данска, туку и се протест против Катар и нивниот однос кон човековите права. Затоа сите детали од новиот дрес на Данска се тонирани во иста боја вклучувајќи го и нашето лого и легендарните шари. Ние не сакаме да бидеме видливи за време на турнирот кој чинеше илијадници човечки животи. Ние го поддржуваме данскиот национален тим во целост, но не и Катар како домаќин на турнирот. 
 
Ние веруваме дека спортот треба да ги спојува луѓето заедно. И кога тоа не се случува, ние сакаме да го покажеме тоа“, стои во соопштението на Хумел.
 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by hummel Sport (@hummelsport)

 
Од Хумел имаа посебно објаснување за црниот дрес.
 
„Црна. Бојата на жалоста. Перфектна боја за данскиот трет дрес за ова Светско првенство. Додека ние во целост даваме поддршка на данскиот национален тим, тоа не треба ги збуни луѓето дека ние даваме поддршка и на турнирот кој чинеше илијадници човечки животи. Ние сакаме да пратиме порака за односот на Катар кон човековите права и третманот на мигрантските работници кои ги градеа стадионите за Светското првенство“, стои во објаснувањето на Хумел за црниот дрес.
 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by hummel Sport (@hummelsport)

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе