Го сакаат Просинечки

Хулигани на Олимпија влетаа на прес-конференција и го избркаа новиот тренер

Хулигани од навивачката група „Грин драгонс“ влетаа на промоцијата на новиот тренер на Олимпија Љубљана, Алберт Риера и го избркаа, тие го сакаат Роберт Просинечки кој замина по само три месеци. 

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Алберт Риера синоќа требаше да биде промовиран за нов тренер на Олимпија Љубљана, но се случи неочекуван инцидент.
 
Хулиганите влегоа на прес-конференцијата и му порачаа дека не е добредојден, тој збунет од настанот, си замина.
 
Навивачите на Олимпија го сакаат Просинечки, кој помина три месеци во клубот а потоа поради несогласувања со управата си замина. Фановите застанаа на страната на хрватскиот стратег и протестираат против актуелното раководство.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе