Лига на нации

Хрватска во 93. минута ја фрли Шпанија на колена за прва победа во Лига на нации (ВИДЕО)

Драмата на „Максимир" и припадна на Хрватска, Шпанија во два наврати се враќаше од негатива, но Тин Једвај со гол во 93. минута донесе победа за „Ватрените" од 3-2.

„Ватрените“ се радуваат на првата победа во Лига на нации, вечерва во Загреб во драматичен меч триумфираа со 3-2 над Шпанија.

Откако на полувреме се замина со 0-0, вторите 45 минути беа прилично возбудливи. Крамариќ го отвори резултатот во 1-0 и донесе водство за Хрватска, но Себаљос само 120 секунди подоцна изедначи на 1-1.

Једвај во 69. минута ги врати домаќините во предност, но Рамос од пенал во 78. минута донесе 2-2 за Шпанија. Сепак, последниот збор го имаше Хрватска, Једвај во 93. минута се најде на право место и донесе голема радост и победа од 3-2.

Со овој триумф, Хрватска сега има шанси и за прво место во групата, доколку ја совлада Англија на „Вембли“ во недела. Во случај на пораз, „Ватрените“ ќе се преселат во ранг подолу.

На вториот денешен натпревар од Лига А, Белгија рутински со 2-0 го доби Исланд во меч кој немаше резултатско значење бидејќи во оваа група се ќе се решава на средбата помеѓу Швајцарија и Белгија.

БиХ со ремито од 0-0 на гостувањето кај Австрија го осигура првото место во својата група, и покрај тоа што си обезбеди бараж за пласман на ЕВРО 2020, во следниот циклус ќе игра во Лига А со најсилните репрезентации на стариот континент.

Лига А

Белгија - Исланд 2:0
Хрватска - Шпанија 3:2

Лига Б

Австрија - БиХ 0:0

Лига Ц

Грција - Финска 1:0
Унгарија - Естонија 2:0

Лига Д

Казакстан - Летонија 1:1
Андора - Грузија 1:1
Луксембург - Белорусија 0:2
Сан Марино - Молдавија 0:1

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе