СП 2022

Хрватска преку пенали ја победи Јапонија и се пласира меѓу осумте најдобри на СП (ВИДЕО)

Хрватска по подобро изведување на пенали ја победи Јапонија и се пласираше меѓу осумте најдобри на Светското првенство, резултатот по 120 минути игра беше 1-1. Голманот Ливаковиќ беше херојот на Хрватите.

Хрватска оди далеку на уште еден Мундијал, тие денеска ја поминаа Јапонија и се пласираа во четвртфиналето.
 
Јапонија прва даде гол, во 43. минута Маеда реализираше за водство од 1-0.
 
 
По десет минути игра во второто полувреме, по центаршут на Ловрен, Перишиќ погоди со глава за 1-1.
 
 
Немаше нов погодок до 90. минута, па натпреварот отиде во две продолженија од по 15 минути. Но ниту во нив немаше погодок, пеналите го решаваа победникот.
 
Во пенал серијата Јапонија беше очајна, дадоа само еден гол од четири шута, погоди Асано, а промашија Минамино, Митома и Јошида. Хрватска спротивно на Јапонија, од четири шута три реализираа, а еднаш промашија. Погодија Влашиќ, Брозовиќ и Пашалиќ, примаши Ливаја.
 
 
Хрватска во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Бразил и Јужна Кореја.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе