Хрватската фудбалска федерација се извини, но ја префрли вината

Хрватска на ЕП играше со усташка шаховница и никој не примети сѐ до нивната елиминација (ФОТО)

Хрватската фудбалска федерација мораше да се извини бидејќи на дресовите на репрезентацијата за време на ЕП наместо регуларната, стоеше усташката шаховница. 

За време на четирите натпревари што ги одигра на ЕП Хрватска носеше погрешен грб на дресот. Разликата е тешко приметлива доколку грбот не се погледне подетално, па дури откако го завршија настапот на турнирот беше отриен скандалот.
 
Наместо официјалниот грб на кој шаховницата почнува со прво црвено поле, тие носеа грб на кој таа почнува со бело поле.
 
 
Што е спорно?
 
Грбот со прво бело поле го имаат прифатено Анте Павелиќ и неговите усташи во 1941 година. Од употреба е отстранет по поразот на фашистите во Втората светска војна и падот на режимот на Павелиќ. По што за време на СФРЈ се менува грбот и Социјалистичка република Хрватска повторно почнува да користи шаховница со прво црвено поле. Шаховницата со прво црвено поле датира од 15 век, а стои на нивното знаме уште од 1918 година. Тој симбол е актуелен и до ден денес.
 
Знамето на Хрватска од 1941 до 1945
 
 
Сегашното знаме на Хрватска
 
 
Хрватската фудбалска федерација се извини за овој скандалозен превид и вината ја префрли на фирмата што ги печатела дресовите, „Ситотисак Деколор“ од која ќе се бара одговорност.
 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе