ЕВРО 2020

Хрватите за четири часа ги купија сите нивни билети за осминафиналето против Шпанија

Хрватска ќе има голема поддршка на „Паркен“ стадионот во Копенхаген за време на осминафиналниот натпревар против Шпанија од Европското фудбалско првенство. 

Продажбата на хрватскиот сектор на стадионот во Копенхаген започнала денеска во 11 часот, а во 15 часот веќе биле распродадени сите билети, објави Хрватската фудбалса федерација и најави голема поддршка за фудбалерите.
 
За разлика од Шкотска каде не можеа да присуствуваат многу хрватски навивачи поради строгите ковид мерки и карантнот од 10 дена, во Копенхаген ќе биде поинаку, Хрватите ќе имаат сериозна предност.
 
Натпреварот меѓу Хрватска и Шпанија се игра на 28 јуни од 18 часот, победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе вкрсти со подобриот од мечот меѓу Франција и Швајцарија.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе