Квалификации ЕВРО 2020

Холандија врати со иста мера и ја совлада Германија во Хамбург (ВИДЕО)

Холандија со три бода си замина од гостувањето во Хамбург, „лалињата" ја надиграа Германија и на крајот славеа победа од 4-2.

Во првиот натпревар на овие две репрезентации во март, Германија ја освои Амстердам Арена и со три бода си замина од гостувањето кај Холандија. Вечерва „лалињата“ им вратија мило за драго и триумфираа во Хамбург.

„Панцерите“ добро го отворија мечот и поведоа со голот на Гнабри во 9. минута, но Холандија направи пресврт во продолжението од мечот. По еден час игра, Де Јонг погоди за 1-1, а во 66. минута Тах си постигна автогол за водство на гостите од 1-2.

Крос од сомнителен пенал во 73. минута повторно го донесе натпреварот во егал, но пет минути подоцна Мален стрелаше за ново водство на Холандија а во судиското надополнување Вајналдум ја потврди победата од 2-4.

По четири кола во Групата Ц, Германија и Холандија имаат по девет бода, додека Северна Ирска има 100% учинок и е на првото место со четири победи од исто толку меча.

Во уште едно дерби вечерва, Хрватска славеше на гостувањето кај Словачка со убедливи 0-4. Гостите имаа неколку убави шанси, но поведоа дури во последните мигови на првиот дел кога Влашиќ биеше прецизно по земја од врвот на шеснаесетникот. Само што почна второто полувреме, Перишиќ со многу среќа погоди за 0-2, потоа следеше мајсторија на Петковиќ за 0-3, а конечниот резултат беше дело на Ловрен во 89. минута.

На вториот натпревар од Групата Е, Велс со голот на Бејл во завршницата стигна до триумф од 2-1 над Азербејџан и се врати во игра за едно од првите две места на табелата.

Во Групата И, Белгија славеше со 4-0 кај Сан Марино за пет од пет, а Русија со 2-1 триумфираше на гостувањето во Шкотска и се одлепи на +5 во однос на третопласираниот Казакстан.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе