Квалификации за ЕП 2020

Холандија се врати од 0-2, но потклекна во 90. минута, Германија триумфираше среде Амстердам (ВИДЕО)

Дерби пресметката во Амстердам и припадна на Германија, Холандија се врати од два гола негатива но гостите погодија во 90. минута и триумфираа со 2-3.

Возбудлив меч во Амстердам во рамките на Групата Ц, Холандија се врати од два гола негатива но нaивно прими гол во 90. минута и остана со празни раце.

Германија беше подобар противник во првиот дел и со погодоците на Сане во 15. минута и на Гнабри во 34. минута, на пауза замина со позитива од 0-2.

Сепак, „лалињата“ на стартот од вториот дел реализираа преку Де Лихт за 1-2, а потоа следуваше нов гол за домаќините, Депај во 63. минута изедначи на 2-2.

Но „панцерите“ беа тие кои се радуваа на крајот. Во последните мигови од мечот, една лоша офсајд стапица го исфрли Ројс во фор, а потоа целата одбрана на Холандија заборави на Шулц кој остана осамен на 11 метри и прецизно биеше крај деснатата статива за 2-3.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе