НБА

Хјустон ја прекина победничката серија на Бостон (ВИДЕО)

Хјустон предводен од дуеото Харден - Вестбрук го совлада Бостон со 116:105 и им ја прекина серијата победи на Селтикс. 

Бостон на гостувањето во Хјустон отпатува со седум победи по ред, но таму не успеа да ја забележи и осмата.
 
Првото полувреме беше изедначено, двете екипи се менуваа во водство. Решавачка беше третата четвртина која домаќините ја добија со 31:22, а во последниот период само ја потврдија победата за конечни 116:105.
 
Двете ѕвезди на Хјустон беа главни на теренот, Харден постигна 42 поени, Вестбрук 36, тој имаше и десет скока. Кај Бостон Хejворд реализираше 20 поени.
 
 
Резултати:
 
Филаделфија - ЛА Клиперс 110:103
Вашингтон - Чикаго 126:114
Њу Орлеанс - Портланд 138:117
Оклахома - Сан Антонио 106:114
Хјустон - Бостон 116:105

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе