Премиерлига

Хименез му донесе победа на Вулвс кај Лидс, Алиоски остана на клупата (ВИДЕО)

Со гол на Раул Хименез, Вулверхемптон со 1-0 славеше на гостувањето кај Лидс, Езгјан Алиоски остана на клупата за резервни играчи. 

Натпреварот беше изедначен, Лидс имаше повеќе од играта, напаѓаше, а Вулвс преку контри се обидуваше да го загрози голот на домаќините.
 
Во 53. минута прв пат беше затресена мрежата, Саис постигна гол, но му беше поништен поради офсајд од Поденс во зачетокот на акцијата.
 
Во 70. минута одлична соло акција на Раул Хименез, топката со помош на одбраната на Лидс влезе во голот за водство од 1-0 кое значеше и три бода.
 
Нашиот репрезентативец, Езгјан Алиоски остана на клупата за резерви на овој меч.
 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе